28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИзненадната оставка ги намали акциите на Air France-KLM Group

Изненадната оставка ги намали акциите на Air France-KLM Group

K

Акциите на воздухопловна групација „Air France-KLM Group“ поевтинија до едногодишно дно за време на трговијата во Париз, откако изненадната оставка на главниот извршен директор Александар де Жуниак ја остави најголемата европска компанија без лидер во позадина на нејзините тешкотии да ги намали трошоците и покрај противењето на синдикатите.

Акциите се намалија за 8,6 отсто до 7,55 евра за акција на почетокот на седницата, а до предплатнето падот е помал – од 3,65% до 7,87 евра. Пред среда акциите беа поскапеле за 16% од почетокот на годината.

53-годишниот Де Жуниак ја напушти компанијата, откако ја предводеше три години за да работи за помалку активната лобистичка група „Меѓународна асоцијација за воздушен транспорт“. Тој ја презема својата нова функција во организацијата по конечното напуштање на „Air France-KLM“ од 1-ви август.

„Де Жуниак и неговиот тим многу успешно ја зацврстија групацијата, поставувајќи ја на подобра фундаментална основа“, пишува во својот белешка Јоханес Браун, аналитичар во „Commerzbank AG“. А сепак тој „досега имаше ограничен успех при реструктуирањето на наследените структури на трошоците, особено во „Air France“, каде продолжува да има сериозен спор со синдикатите“.

Главниот извршен директор се обидуваше да изгради стратегија околу поместување на фокусот од летови на кратки растојанија, кои не се толку профитабилни, како патувањата на долги дестинации, кон своите нискотарифни поделби „Transavia“ и „Hop !“, за да се натпреварува подобро со „Ryanair Holdings Plc“ и „EasyJet Plc“. Синдикатите кои демонстрираа, сепак засега не му дозволија да го спроведе планот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП