7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes GLC купе и C сlasѕ кабрио ќе се произведуваат во Бремен

Mercedes GLC купе и C сlasѕ кабрио ќе се произведуваат во Бремен

fab mece 90

Поради производство на два нови модели, „Mercedes“ во фабриката во Бремен ќе вработи дополнителни 200 работници.

Првиот модел кој ќе започне да слегува од производната лента ќе биде „GLC Coupe“. Oвој автомобил имаше премиера на саемот за автомобили во Њујорк кон крајот на март.

fab mece 91

По него, во фабриката во Бремен ќе започне да се составува и „Mercedes C сlasѕ“ кабриолет, кој за прв пат беше прикажан пред публиката на женевскиот авто-саем, во почетокот на истиот месец.

fab mece 92

Со овие два автомобили, бројот на модели кои ќе се изработуваат во Бремен ќе порасне на десет. Досега тука се произведуваа „C сlasѕ“ лимузина, караван и купе, „E сlaѕѕ“ купе и кабриолет, како и кросоверот „GLC“, i двата спортски модели „SLC“ и „SL“.

Според планот од 2015-та во модернизација и проширување на капацитетите на погонот во Бремен ќе бидат вкупно потрошени 750 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП