19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCredit Suisse се насочува кон Азија

Credit Suisse се насочува кон Азија

credit svviss

Главниот извршен директор на „Credit Suisse Group AG“ Тиџан Тиам коментира дека „сега е најсоодветниот момент“ за банката да се прошири во Азија, бидејќи заминувањето на некои од конкурентите го прави полесно наоѓањето на вработени за раководни позиции, пишува „Bloomberg“.

Тиам сака да ја зацврсти позицијата на „Credit Suisse“ како една од најголемите инвестициски банки и компанија за управување со средства во Азија во момент кога конкурентите од „Barclays Plc.“ до „Standard Chartered Plc.“ таму го намалуваат персоналот. Азиските операции не се засегнати од големите намалувања на трошоците кои извршниот директор ги објави во март.

„Тоа секогаш е најдобро време да се инвестира, бидејќи тоа е момент во кој можеме да ги избереме најдобрите ресурси во повеќето соодветно време“, рече тој во интервју за „Bloomberg Television“ во рамките на „Credit Suisse Asian Investment Conference“ во Хонгконг.

„Упатени се голем број на понуди, за да добиеме луѓе со високи квалитети. Тоа ни дава силна увереност за растот“, коментира уште Тиам.

Тој ги истакна Кина и Јапонија како пазари, на кои ќе се обиде да ја прошири дејноста на банката. Швајцарскиот конкурент „UBS Group AG“ исто така, поддржува приватната банка во Азија, искористувајќи ја можноста да ги служи кинеските милионери чиј број значително се зголемува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП