18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНа компанијата Макпетрол АД Скопје истече лиценцата за складирање на нафтени деривати

На компанијата Макпетрол АД Скопје истече лиценцата за складирање на нафтени деривати

pilon

Макпетрол АД Скопје објави дека заклучно со 04.04.2016 година му истече Лиценцата за вршење на енергетска дејност складирање на сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт.

“Макпетрол АД Скопје благовремено поднесе барање за продолжување на лиценцата на 10.07.2015 година и во прилог достави документација на основа на која и беше издадена лиценцата во 2005”, велат од компанијата.

Оттаму велат дека Регулаторната комисија за енергетика сп Заклучок УП1 бр.11-90/15 од 02.10.2015 година, незаконито времено ја продолжиле лиценцата за шест месеци и побара да се достави дополнителна документација која не е во сопственост на Макпетрол АД Скопје ниту истата може да се обезбеди.

Ок компанијата велат дека почнувајки од 05.05.2016 нема да превземаат никакви дејствија во поглед на располагањето со резервите за кои е складиштар и воедно не превзема никаква одговорност за последиците кои би произлегле.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП