2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlaska Air ја купува Virgin America за над 2 милијарди долари

Alaska Air ја купува Virgin America за над 2 милијарди долари

alaska air virgin 33

Американскиот авио-превозник „Alaska Air“ ја купува авио-компанијата „Virgin America“ за повеќе од две милијарди долари, со што ќе го прошири работењето на Западниот брег.

„Alaska Air“, со седиште во државата Вашигнон, ќе плати за компанијата „Virgin America“ од Калифорнија 57 долари за акција, што е за 47 проценти повеќе од цената која беше на затворањето на берзата во петокот.

Заедничките дејности на двете компании ќе бидат во Сиетел.

„Alaska Air“ соопшти дека со договорот ќе биде проширена нивната мрежа на летови на 1.200 секојдневни полетувања.

Трансакцијата ја одобрија одборите на двете компании, но е потребно уште едно одобрение од акционерите на компанијата „Virgin America“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП