2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFoxconn го купува Sharp по пониска цена

Foxconn го купува Sharp по пониска цена

foxconn_237

Тајванската компанија Foxconn договори купување на јапонски Sharp со голем попуст во однос на изворната понуда, ставајќи крај на сомневањата дали двете компании може да функционираат добро.

Foxconn, официјално познат како Hon Hai Precision Industry, ќе плати околу 3,5 милијарди долари за двотретински удел, кастрејќи ја почетната понуда за речиси 900 милиони долари откако се откриени дополнителни обврски на Sharp.

Овој договорот претставува најголемо преземање на една странска компанија во јапонската технолошка индустрија и означува крај на независноста на 100-годишната компанија која започна како производител на копчиња за ремени и механички пенкала.

Аквизицијата ќе му овозможи на Foxconn контрола над напредната технологија на екрани на Sharp и ќе му овозможи да ја зајакне ценовната моќ во однос на главниот клиент Apple.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП