8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКатарската Al Jazeera отпушта 500 вработени

Катарската Al Jazeera отпушта 500 вработени

jeza

Катарската сателитска телевизија Al Jazeera, ќе отпушти 500 вработени, или повеќе од 10 отсто, објави во неделата со објаснување дека одлуката е одраз на финансиските притисоци врз малата држава поради ниските цени на нафтата и природниот гас, кои ги носат главните приходи на оваа сунитска монархија во Персискиот залив.

Повеќето од оние кои ќе добијат откази физички се сместени во седиштето на телевизиската мрежа во Доха, се наведува во соопштението на Аl Jazeera која е контролирана од катарското кралско семејство. Пред одлуката за отпуштањата, мрежата вработуваше околу 4.000 луѓе.

Директорот на телевизијата, Мостеф Суај изјави дека отпуштањата на вработените биле неизбежен чекор, за да може Al Jazeera да остане конкурентна и да ја зачува својата позиција на светскиот медиумски пазар.

Телевизијата Al Jazeera е основана во 1996 година во рамките на настојувањата Катар својата економска моќ да ја преточи и во политичко влијание. Многу брзо го освои милионскиот аудиториум во арапскиот свет, на кој му понуди многу поразлични видови програми кои не можат да се видат на другите арапски телевизии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП