12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСледната недела Sharp и Foxconn ќе потпишат договор за купување?

Следната недела Sharp и Foxconn ќе потпишат договор за купување?

sharppp

Технолошката компанија „Sharp“ и тајванската „Foxconn“ најверојатно следната недела ќе потпишат договор за купување по неколку одложувања. Двете страни ќе се согласат на помал од првично планираниот спасувачки заем за тешкотии на јапонскиот технолошки производител, соопштува „Ројтерс“.

Двете компании ќе одржат средби на управните совети во среда, за да го одобрат договорот и официјално да го потпишат договорот во текот на следниот ден, велат изворите, директно запознаени со разговорите.

И двата извора одбиваат да бидат идентификувани, поради недостаток на овластување за разговори со медиумите.

Портпаролот на „Sharp“ одби коментар, а претставниците на „Foxconn“ засега не се достапни за таков.

„Foxconn“, официјално е познат како „Hon Hai Precision Industry“, ќе ја намали претходната понуда од 489 милијарди јени (4,3 милијарди долари) за нови издадени акции на „Sharp“ со околу 100 милијарди јени, велат изворите.

Компаниите речиси беа потпишале договор минатиот месец, но „Foxconn“ стави пауза на процесот по откритието за непредставени обврски на јапонската компанија.

Зделката ќе биде најголемото стекнување од странска компанија во јапонскиот технолошки сектор. Избирајќи да води преговори со „Foxconn“, „Sharp“ отфрли конкурентна понуда од државен инвестициски фонд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП