2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТоа го може само Манчестер Јунајтед!

Тоа го може само Манчестер Јунајтед!

man

Осигурителната компанија „Aon“ ќе плати 150 милиони фунти за тренинг центарот на славниот англиски клуб во следните осум години да го носи нивното име.

Договорот ќе стапи на сила во јули оваа година, кога тренинг центарот Керингтон ќе биде преименуван во „Aon“ тренинг комплекс.

Логото на компанијата се наоѓа и на дресот на Манчестер Јунајтед, но четиригодишниот договор вреден 85 милиони фунти истекува во летото 2014-та, а потоа неговото место ќе го заземе производителот на автомобили Шевролет.

Компанијата Џенерал Моторс за еклузивното седумгодишно рекламирање ќе издвои дури 365 милиони фунти.

Останува само да погодуваме колку Јунајтед би можел да инкасира ако ги продаде правата за името на својот стадион, како што тоа го направи Арсенал со новоизградениот Емирати или Њукасл со Сент Џејмс Парк.

„Олд Трафорд никогаш нема да биде продаден“, изјави попретседателот на клубот, Ед Вудворд.

Манчестер Јунајтед испадна од Реал во осминафиналето од Лигата на шампионите, но со победа над Манчестер Сити би можеле да ја обезбедат титулата првак на Англија.

„Црвените ѓаволи“ на осум средби пред крајот на сезоната имаат 15 бодови во однос на градскиот ривал кој е актуелен шампион.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП