8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPlayboy се продава

Playboy се продава

103233987-GettyImages-492469580.530x298

Компанијата Playboy Enterprises, сопственик на часописот за возрасни Playboy, ја разгледува можноста за продажба на фирмата, која на пазарот би можела да вреди околу 500 милиони долари.

Хју Хефнер, кој го основаше Playboy во 1953 година, јас понуди компанијата на пазарот во 2011 година, заедно со инвестицискиот фонд Rizvi Traverse Management, а во тој бизнис нејзината вредност изнесуваше 207 милиони долари.

Сега компанијата бара нов сопственик, а во тоа, според извори на Reuters, ја советува инвестициската банка Moelis & Co.

Месечникот Playboy беше меѓу првите во светот што објавуваше фотографии со голи жени, но во февруари оваа година часописот престана да објавува такви фотографии бидејќи, како што порача, тој концепт е застарен и не е повеќе привлечен заради купиштата бесплатна порнографија на интернет.

Тиражот на Playboy падна од 5,6 милиони примероци во 1975 година на околу 800 илјади последните години, но компанијата повеќе заработува на лиценците на својот бренд и логоа за различни производи ширум светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП