15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNike со профитот ги разочара аналитичарите

Nike со профитот ги разочара аналитичарите

635942625076056071-GTY-516967202-80702976

Компанијата „Nike“ во изминатиот квартал оствари чиста добивка од 950 милиони долари што е за 20 проценти повеќе отколку во истиот минатогодишен период.

Meѓутоа, поради високиот курс на доларот, приходите на најголемиот светски производител на спортска опрема пораснал помалку од очекуваното.

Поради тоа непосредно по објавата на деловниот извештај цената на aкциите на компанијата „Nike“ падна за повеќе од 5 проценти..

Приходите на „Nike“ пораснале за 7,6 проценти на 8,03 милијарди долари, но приходите од пазарите во развој паднале за 8 проценти, на 879 милиони долари, што е последица на високиот курс на доларот кој во изминатата година порасна за околу 9 проценти.

Зајакнувањето на доларот лошо влијае на американската мултинационална компанија бидејќи ја намалува конкурентноста на нејзините производи на странските пазари.

Ако се исклучи влијанието на курсот, продажбата на компанијата на пазарите во развој пораснала во изминатиот квартал за 11 проценти на годишно ниво.

Сепак, слабоста на приходите на тие пазари во голем дел е надокнадена со растот на продажбата во Северна Америка за 13 проценти.

Силно, за 22,6 проценти, пораснале и приходите на кинескиот пазар, што покажува дека на продажбата не и наштетило ниту забавувањето на растот на локалната економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП