17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPetrobras забележа загуба од 8,6 милијарди евра за 2015-та година

Petrobras забележа загуба од 8,6 милијарди евра за 2015-та година

petrobras 30394

Бразилскиот нафтен концерн „Petroleo Brasileiro SA“, кој беше силно погоден од корупциски скандал (Petrobras), ја завршува фискалната 2015-та година со загуба во износ од 8,6 милијарди евра, пренесува „Ројтерс“.

Според друштвото контролирано од државата, сериозно влијание врз резултатот извршиле отпишувањето поради падот на цените на нафтата, лошите проценки од агенциите за кредитен рејтинг и депресијацијата на домашната валута.

Во 2014-та година „Petrobras“ исто забележа загуба од 6,7 милијарди евра. Пред избувнувањето на монументалниот корупциски скандал во 2013-та година, компанијата забележа профит од 7,3 милијарди евра, потсетува новинската агенција.

Судските истраги за плаќање поткуп во замена за договори за „Petrobras“, опфатија високи менаџери на нафтената компанија, раководителите на најголемата градежна компанија на Бразил и многу политичари од владејачката партија и нејзините коалициони партнери.

Минатата година истрагата зафати и десетици политичари за нивната наводна вмешаност во шемата, така што ја оштетиле компанијата со приближно 4 милијарди долари. Инспекторите велат дека приватните фирми ги поткупувале официјални лица за да добијат профитабилни договори со „Petrobras“. Обвинети се 54 официјални лица, меѓу кои поранешниот претседател и портпаролите на двата дома на Конгресот.

На крајот од минатиот месец „Petrobras“ договори кредит во износ од 10 милијарди долари од „China Development Bank“. Бразилскиот државен нафтен производител ги доживува најлошите услови на нафтениот пазар со децении и се соочува со рок на доспевање во вредност од над два пати поголеми од овој заем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП