19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКрај на производството на Phaeton

Крај на производството на Phaeton

zadnji 00

Официјално заврши производството на најлуксузниот модел на „Volkswagen“. Последниот примерок од лимузината „Phaeton“ слезе од производната лента од фабриката во Дрезден, чии хали ќе бидат пренаменети во изложбен центар.

Од официјалното соопштение на „Volkswagen“, станува јасно дека последниот произведен „Phaeton“ е со црна боја, има 4,2-литарски „V8“ мотор со 335 КС и „4MOTION“ погон.

Тој најверојатно ќе биде паркиран заедно до првиот „Phaeton“, кој се појавил пред 14 години како дел од стратегијата на „VW“ да влезе на пазарот на луксузни автомобили.

Luftaufnahme (100-prozentiger Honoraraufschlag) Glaeserne Manufaktur von Volkswagen am 10.09.2012 in Dresden. Foto: Oliver Killig

Се уште не е јасно дали „Phaeton“ ќе има наследник. Развојот на следната генерација започна пред неколку години, но беше замрзнат поради неочекуваните трошоци околу скандалот „Дизелгејт“. Потоа се проговори за претворање на лимузината во луксузен електромобил, но во моментот нема официјални информации за подготвување на сличен модел.

Најлуксузна лимузина во оваа палета на „Volkswagen“ е „Phideon“. Овој модел дебитираше пред еден месец во Женева, но е наменет целосно за кинескиот пазар.

zadnji 02

Што се однесува до фабриката во Дрезден, таа ќе биде затворена и обновена во изложбен центар за најновите технологии на концернот. Официјалното отворање е закажано за почетокот на април оваа година. Персоналот ќе биде преместен во фабриката во Цвикау и во други објекти на производителот, се вели во пораката.

Во подоцнежна фаза производството во Дрезден треба да биде обновено, но во моментот не се објавени никакви детали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП