4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИToshiba откри уште сметководствени грешки

Toshiba откри уште сметководствени грешки

toshiba 3553

Јапонската компанија „Toshiba“ откри дополнителни сметководствени нерегуларности, откако минатогодишниот сметководствен скандал ги разгоре сомневања за посветеноста на компанијата за подобрување на транспарентноста, пренесува „Ројтерс“.

Конгломератот објави дека е преценет профитот со уште 5,8 милијарди јени (51,30 милиони долари) пред оданочувањето заради седум нови сметководствени грешки.

„Toshiba“ изјави дека компанијата треба да се соочи со загуби во финансиските извештаи за два квартали до декември, но не ги објави јавно, бидејќи нивната големина бил под прагот, па поради тоа бараат нивно откривање пред регулаторите.

Во врска со одговорноста за последните грешки, „Toshiba“ вели дека ќе „казни“ уште 40 вработени, во прилог на оние 26 кои претходно заработија казни. Компанијата не посочува каква била форма на казна.

Покрај тоа, „Toshiba“ изјави дека се стреми да ја зајакне внатрешната контрола, така што ќе вработува постојан ревизор кој ќе ги следи нејзините финансии за да се осигура дека компанијата ги почитува сите прописи. „Toshiba“ ќе вложи напори за подобрување на внатрешната контрола и корпоративна култура“, вели таа во официјалното соопштение.

Конгломератот ја објави својата бизнис стратегија за следната фискална година, која според аналитичарите ќе вклучува планови за стимулирање на финансии преку продажба на деловни единици.

Како резултат од скандалот, извршниот директор Масаши Муромачи најави намалување на повеќе од 10.000 работни места и план за продажба на бизнисот со лаптопи и производи за дома, кои не генерираат профит.

Минатата недела од „Toshiba“ соопштија дека даваат ексклузивни права на „Canon“ за преговори за стекнување на нејзината поделба за медицинска опрема. Извор тврди дека понудата на „Canon“ е од над 6 милијарди долари.

Средствата од договорот ќе и помогнат на „Toshiba“ да се откаже од планот да побара уште 1,8 милијарди долари дополнителни заеми од „Sumitomo Mitsu Banking Corp.“, „Mizuho Bank“ и „Sumitomo Mitsui Trust Bank“, тврдат извори запознаени со прашањето. Крајниот рок за финализирање на зделката е петок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП