5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЛани Гранит АД оствари добивка од 3.5 милиони евра

Лани Гранит АД оствари добивка од 3.5 милиони евра

granit333

ГД Гранит АД за периодот Јануари – Декември 2015 година оствари позитивни финансиски резултати и забележа добивка од 219.917 илјади денари.

Сметководствени политики и методи  на вреднување

Во 2015 година нема промени во сметководствеите политики и методи на вреднување на позициите во финасиските извештаи на ГД Гранит АД.

Вкупни приходи

Остварените вкупни приходи во 2015 година изнесуваат 4.240.711 илјади денари и во споредба со остврените во 2014 бележат раст од 3,92 %.

Во структурата на вкупните приходи најголемо учество има реализацијата од основната дејност  од 57,21 %.

Вкупни расходи

Остварените вкупни расходи во 2015 година се во износ од 4.000.824 илјади денари и во споредба со 2014 година бележат раст од 3,50 %.

Дивиденда

На 22.05.2015 година на Годишното собрание на акционери одобрена е пресметка и исплата на бруто дивиденда за 2014 година во износ од 47.141 илјади денари, односно 16 денари бруто за една акција.

Инвестиции

Вкупните инвестиции во основни средства во 2015 година изнесуваат 660.678 илјади денари и тоа

– нематеријални вложувања – 4.298 илјади денари

– материјaлни вложувања – 656.380 илјади денари

Деловната активност на ГД Гранит АД е целосно насочена кон остварување на динамичките планови според договорените работи и целосна активност кон добивање на нови проекти во земјата и странство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП