5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДГ Бетон АД Скопје оствари добивка од 1.5 милиони евра за 2015...

ДГ Бетон АД Скопје оствари добивка од 1.5 милиони евра за 2015 година

beton 33

Во периодот од 01.01.2015 до 31.12.2015 година ДГ Бетон АД Скопје оствари позитивен финансиски резултат во износ од 91.088.998,00 денари, што е за 30,86% повисока во однос на добивката остварена минатата година.

Сметководствени политики и методи на вреднување

Во 2015 година нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување на позициите во финансиските изештаи на ДГ Бетон АД Скопје.

Вкупни Приходи

Остварените вкупни приходи во 2015 година изнесуваат 3.012.172.913,00 денари и во споредба со остварените во 2014 година се повисоки за 9,18%. Во структурата на вкупите приходи најголемо учество од 93,32%, имаат приходите од основна дејност, остварени од изградба на градежни објекти на домашен пазар.

Вкупни расходи

Вкупните расходи во 2015 година изнесуваат 2.902.861.644,00 денари и во споредба со расходите во 2014 година се зголемени за 8,64%.

Дивиденда

Во текот на 2015 година е исплатена дивиденда во вкупен износ од 53.639.300,00 ден врз основа на донесената Одлука со бр.0201-7574/4 од 08.06.2015год., за исплата на дивиденда од акумулираната добивка до 2008 год. донесена од страна на Собранието на акционери.

Инвестиции

Вкупните инвестиции во основни средства во 2015 година изнесуваат 46.606.389,00 денари и опфаќаат инвестиции во градени објекти, машини и опрема.

Обврски по кредити

Вкупните обврски по краткорочни кредити со 31.12.2015 година, изнесуваат 337.904.493,00 денари, додека пак обврските по долгорочни кредити 91.287.165,00 денари. Најголем процент на кредитите се искористени за набавка на опрема, транспортни средства и градежна механизација.

Нови вработувања

Во период Јануари-Декември 2015 година се реализирани дополнителни 90 нови вработувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП