5 јули, 2025
ПочетнаКОМПАНИИТутунски комбинат АД - Прилеп лани забележа подобри резултати во однос на...

Тутунски комбинат АД – Прилеп лани забележа подобри резултати во однос на 2014-та

ad tutunski prilep

Финансискиот резултат за АД – то за период 01.01.2015 – 31.12.2015 е загуба во износ од 25.104 илјади денари наспроти 118.423 илјади денари за истиот период од 2014 година, и истиот значи намалување на загубата за 79 %.

АД-то е замислено да функционира како сервис на двата ДООЕЛ-и, во смисла на извршување на комерцијални, финансиски, правни, транспортни, и ИТ услуги. Во овој момент за услугите кои ги извршува за сметка на двата ДООЕЛ-и: „ДООЕЛ Тутун“ и „ДООЕЛ Цигари“ чиј сто процентен оснивач е АД – то, не се фактурира, па согласно тоа АД – то остварува минимални приходи.

Приходи

Приходите кои ги остварува АД-то се главно приходи од наемнина. Имено најголемиот дел од основните средства на групацијата „Тутунски комбинат АД Прилеп“ се наоѓаат во сопственост на АД-то, па најголемиот дел од приходите ги остварува издавајќи ги истите на ДООЕЛ-ите. Од истите причини и амортизацијата како трошок се евидентира во ова друштво.

Споредено со истиот период претходна година, приходите бележат пораст за 49%. Најголемото зафаќање во зголемувањето на приходите се должи на остварените капитални добивки од продажбата на основни средства кои не беа во функција и беа целосно амортизирани, помал дел се остварени приходи од продажба на материјали.

Расходи

Расходите имаат тренд на намалување. Така оперативните расходи за 2015 година изнесуваат 73.460 илјади денари и се намалени за 26% во однос на истиот период 2014 година (99.801 илјади денари), ова пред се, се должи на намалувањето на „Трошоците за вработени“ односно – бројот на вработени.

Оперативна загуба

Како резултат на погоре изнесените, преземени активности зголемувањето на приходите од една страна и намалување на трошоците за вработени од друга страна, оперативната загуба е намалена за 72%.

Финансиски расходи

Расходите по основ на камати во 2015 година изнесуваат 10.216 илјади денари и се помали за 79% во однос на 2014 година. Разликата помеѓу 2014 и 2015 година се однесува на камати по основ на јавни давачки од претходни периоди. Во 2015 година „Тутунски комбинат АД“ редовно ги сервисираше обврските кон државните институции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар