1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЊукасл го отпушти Мекларен

Њукасл го отпушти Мекларен

stiv meklaren 993

Фудбалскиот клуб Њукасл Јунајтед официјално му врачи отказ на менаџерот Стив Мекларен, поради серијата лоши резултати поради кои клубот падна на претпосленото место во Премиерлигата.

Поранешниот англиски селектор менаџерската функција ја презеде во јуни 2015-та година, во неговиот мандат клубот вложи околу 80 милиони фунти во засилувања, но Њукасл на 28 натпревари во Премиерлигата има забележано само шест победи, исто толку пати одиграл нерешено и загубил 16 натпревари.

Во пресрет на последните девет кола, Њукасл, се наоѓа на претпоследното место со 24 бодови, со бод помалку од најголемиот ривал Сандерленд, кој се наоѓа во безбедната зона.

Мекларен е поранешен тренер на Мидлсброу, Твенте, Волфсбург, Нотингем Горест, КПР и Дерби Каунти.

Според англиските медиуми нов менаџер на Њукасл ќе биде Рафаел Бенитез, кој пред два месеци доби отказ во Реал Мадрид. Наводно Њукасл му понудил на Шпанецот годишна плата од 5,1 милиони фунти, колку што заработуваше во Реал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП