2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRWE планира радикално реструктуирање на британската подружница

RWE планира радикално реструктуирање на британската подружница

rwe 3090

Германската енергетска компанија RWE објави дека радикално ќе ја реструктуира британската подружница npower, која во последното ланско тромесечје ги зголеми загубите откако потрошувачите засилено почна да се префрлат кај евтините снабдувачи.

Во 2015 година RWE загуби 351.000 или повеќе од 6 отсто од своите корисници на гас и електрична енергија во Велика Британија, објави компанијата.

„Се наоѓаме во процес на радикално преструктуирање на компанијата(npower) со цел стабилизирање на маржите и зајакнување на конкурентската позиција на пазарниот просек до 2018 година“, рече извршниот директор на RWE Петер Териум во писмото до акционерите.

Npower, еден од шесте големи даватели на енергетски услуги во Велика Британија, во 2015 година забележа оперативна загуба од 137 милиони евра заради проблемите со наплатата. Година дена претходно оствари добивка од 227 милиони евра.

Во периодот од јануари до септември минатата година, загубите изнесувале 66 милиони евра, што значи дека последните три месеца од минатата година загубите се зголемени.

Npower, кој вработува околу 9.700 работници, во вторник објави дека планира да отпушти 2.400 работници.

Инаку, неодамна RWE извести дека минатата година на ниво на групација работел со загуба во висина од 637 милиони евра, додека година дена претходно добивката изнесувала 2,2 милијарди евра. Како причина го наведуваат отписот на 2,1 милијарда евра вредноста на електраните во Велика Британија и во матичната земја Германија заради дополнително влошените шанси за производство на енергија од конвенционални извори. Дополнителен товар беше и отписот на 900 милиони евра одложен даночен имот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП