2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМинеко успешни во трансформирање од непрофитабилни во профитабилни рудници

Минеко успешни во трансформирање од непрофитабилни во профитабилни рудници

Mineko vo Bosna (15)

Еден од најголемите инвеститори на полето на рударството и енергетиката во Западен Балкан, Минеко Групација, се позиционираше цврсто како успешен реформатор од пропаднати во профитабилни рудници. Меѓународната групација на компании, со нивната инвестиција и развој на рудниците стана регионален лидер во ископување на олово-цинкова руда.

Една од примарните области на фокус од бизнис стратегијата на Минеко Групацијата е ревитализацијата на преземените рудници. Групацијата работи со два рудници во Република Србија – рудникот за олово и цинк Велики Мајдан, кој беше преземен од стечај и по две и пол години реконструкција, денес е носител на економскиот напредок во регионот Љубовија. Во рудникот за олово и цинк Рудник, близу Горни Милановац, по преземањето беше спроведена значителна програма за реконструкција, вклучувајќи ја реконструкцијата на целосната инфраструктура, повторно вработување на сите вработени, исплата на претходно неисплатените плати други долгови. Третиот рудник за олово и цинк е Сасе во Босна и Херцеговина, каде бројот на вработени се зголеми од 250 рудари на 520, додека целокупната инвестиција во овој рудник е поголема од 15 милиони американски долари. Денес, овие рудници поставуваат нови рекорди во експлоатацијата на руда и се грижат за подобрувањето на социо-економската состојба во нивните заедници.

Како дополнување на веќе оперативните рудници, Минеко Групацијата го најави отворањето на два нови рудници. Во 2016 година рудникот за олово Олово во Босна и Херцеговина ќе започне со работа, како и рудникот за олово, цинк и бакар и Босилеград, Србија, кој ќе започне со работа во 2018 година. Во моментов, Минеко Групацијата вработува 1400 лица во регионот, а со отворањето на овие два рудници, се очекува бројот да се зголеми на околу 1900 вработени.

Aleksandar Bilbilov-direktor i rudar

Инвестирање и овозможување на услови за постојан и непрекинат раст се основните принципи на работа и стратегијата на ниво на Групацијата. Инвестициите се пред се во рударската инфраструктура, истражувањето и потврдувањето на рудни ресурси, како и во опрема за обработка на рудата. Сето ова е дел од нашата оперативна практика, која е постојано надгледувана и подобрувана во согласност со принципите и директивите на Групацијата. Компанијата цели кон остварување на зголемена продуктивност и модернизација на рударските методи, со цел да ги зголеми капацитетите. Ова е направено во согласност со глобалните трендови и ефективната имплементација на докажани модерни технологии. Овие инвестиции треба да креираат одржлив бизнис и се надеваме дека ќе ги подобрат социјалната, економската и благосостојбата на животната средина во заедниците каде работиме”, изјави Александар Билбилов, Директор на македонската филијала на Групацијата Минеко Обоени Метали Дооел.

Минеко Групацијата постојано инвестира и го реинвестира својот профит во понатамошен раст на своите капацитети, што досега им го овозможуваше нивниот раст и развој. Се инвестира во технолошки решенија, рударски истражувања и подготовки за ископување, како и во зголемување на обемот на работа, модернизација на рудниците и зголемување на безбедносните стандарди на работното место. Подземните јами со кои работи Минеко се меѓу најмодерните и најопремените во регионот.

Mineko vo Bosna (11)

Во овие рударски проекти во Србија и Босна и Херцеговина се инвестирани повеќе од 55 милиони американски долари. Активните рудници кои работат под Минеко Групацијата секоја година бележат стабилен и растечки обем на ископана и преработена руда, со постојан раст на бројот на вработени, постојано и непречено исполнување на нивните обврски кон државата и трговските партнери, како и кон вработените. Освен тоа, рудниците одржуваат близок контакт и дијалог со заедниците каде работат, покажувајќи високо ниво на корпоративна одговорност.

Минеко Група

Mineko vo Bosna (8)

Минеко е меѓународна група на компании чии основни дејности се трговија со обоени метали и рудни концентрати, инвестирање во рударството и геолошки истражувања. Минеко се занимава со вложување и развивање на рудниците за олово, цинк и бакар во земјите на Југоисточна Европа како и земјите од некогашниот Советски Сојуз, каде групата се појавува како еден од сопствениците. Во Руската Федерација Минеко Групата е најголем производител на олово, а на територијата на Западен Балкан важи за еден од најголемите инвеститори во рударството и во областа од обновливи извори на енергија. Мината година иако беше кризна кризна година за рударската индустрија Минеко Групата бележи рекордно производство и голема инвестиција што продолжува и понатаму. Групацијата Минеко досега во рударските проекти во Србија и Босна и Херцеговина вложила околу 55 милиони американски долари.

Благодарение на широката мрежа на партнери, Минеко Групата работи на четири континенти, Европа, Азија, Африка и Северна Америка со годишен промет помеѓу 250 и 350 милиони американски долари.Во Европа, Минеко заедно со партнерите вработува околу 2000 луѓе, од кои 1400 само во регионот, кои работат во шесте рудници (активни и подготвени за работа), а своите инвестиции ги насочува во областа на обновливи извори на енергија.

Минеко во Србија

Mineko vo Srbija (15)

Рудникот за олово и цинк Велики Мајдан, Љубовија, Минеко го презема во 2006 година додека е во стечајна фаза, после две и полгодишна реконструкција и санација на браната со јаловишта, коповите и погонот за флотација, производството е рестартирано. Со тоа рудникот со своите 300 вработени повторно стана носител на стопанскиот развојот на тој крај. Капиталните инвестиции надминуваат 4 милиони евра, а годишното производство е подигнато на 50.000 тони руда што претставува над 90 отсто од преработувачките капацитети на рудникот. Агенцијата за приватизација на Република Србија (одделението за стечај) ревитализацијата на рудникот Велики Мајдан овозможена од страна на Минеко Група,ја издвојува како пример на успешно преземање и понатамошно управување со стопански субјект по неговото излегување од стечај.

Mineko vo Srbija (18)

Рудникот за олово и цинк Рудник кај Горњи Милановац, Минеко го управува заедно со партнерите преку фирмата ќерка Contango doo. По преземањето во 2004 година спроведена е обемна програма за обновување на објектот и подземната инфраструктура, проследено со преземање на 250-те вработени како и исплата на заостанатите долгови кон нив и доверителите. Капиталните инвестиции во овој рудник изнесуваа над 6 милиони американски долари, а вложено е и во нова линија за флотација и обезбедување на јаловиштето, кое што денес има 9 брани. Во овој момент се одвиваат обемни истражувачки активности како би се обезбедил долгорочниот работен век на рудникот Рудник. Од приватизацијата, раководството на рудникот и флотација Рудник го зголемил бројот на вработените над 400, со што се зголеми и масата за плата а и обемот на производството. Додека пак коповите со кои оваа фирма располага се едни од најмодерните во регионот. Во областа на менаџментот, екологијата и заштитата при работа се применуваат најсовремени стандарди.

Приватизацијата на рудникот Рудник, според Агенцијата за приватизација на Република Србија, прогласена е за една од најуспешните. Тоа е потврдено и со неодамнешната студија на NALED и USAID, која оваа приватизација ја сместува меѓу петте најдобри приватизации во Србија

Во Србија, покрај овие два рудника компанијата Минеко планира да се отвори рудникот за олово и цинк (Босил Метал), во близина на Босилеград. Според плановите на компанијата рудникот треба да се отвори во 2018 година. Од сопствени средства Минеко заедно со партнери во 2010 година издвоил околу 11 милиони американски долари, а за отворањето на рудникот ќе се инвестираат дополнителни 12 до 15 милиони американски долари.

Минеко во Република Српска и Федерацијата на Босна и Херцеговина

Mineko vo Bosna (18)

Рудникот за олово и цинк Сасе во Сребреница, РС, Минеко го управува преку фирмата Gross doo каде е мнозински сопственик и со право на концесија во следните 30 години. Од почетните 250 рудари, бројот е зголемен на 520, а вкупните капитални инвестиции до денес надминуваат 15 милиони евра во производството и придружните објекти. Рудникот претставува најголем стопански субјект во општина Братунач и придвижувач на стопанскиот развој на овој крај.

Покрај рудникот Сасе кој успешно работи од 2007 година МИнеко, во моментов вложува во три развојни проекти, во рудниците во Олово, Ново Горажде и Челебичи кај Фоча. Веќе две години се подготвува отворањето на рудникот во Олово со инвестиција од 10 милиони американски долари. Преку компанијата Геомет, отворањето е предвиде за средине на 2016 година и тоа би значело отворање на нови 200 работни места до крајот на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП