10 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако едноставно да го исчистите вашиот душек (видео)

Како едноставно да го исчистите вашиот душек (видео)

Friends sitting on mattress in furniture store

Душекот сепак не е нешто што можете да го ставите во машината за перење…

Ако почувствувате дека душекот на кој спиете започнал непријатно да мириса, време е да го исчистите.

Но како да го направите тоа кога душекот не е парче облека која можете да ја ставите во машината за перење, а пак хемиското чистење ќе ви го стесни паричникот…

Одговорот можеби ќе ве изненади, бидејќи станува збор за состојка која сите ја имаме во нашите домови – сода бикарбона.

Кога станува збор за секојдневните намирници кои имаат различна цел, сода бикарбоната е кралица и се користи за многу работи во домот, а факт е дека може да го исчисти и вашиот душек.

За да го исчистите душекот, потребно е на него да нанесете поголема количина сода бикарбона, наросете ја врз целата површина на душекот, и оставете ја така околу 30 минути за да ги убие бактериите кои го загрозуваат вашето здраввје. Потоа едноставно со правосмукалка вшмукајте ја содата од душекот и по овој третман тој ќе биде освежен и прочистен.

Многу е важно да го чистите душекот, бидејки на него се собираат многу бактерии, прашина и дел од нас самите, односно мртвите клетки од кожата, а не е здраво да спиете во такво опкружување.

Повторувајте ја оваа постапка еднаш месечно и почесто менувајте ги вашите перници или перете ги често во машина за алишта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП