20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSberbank купи 12 авиони од Boeing

Sberbank купи 12 авиони од Boeing

resize (1)

Американската авиокомпанија „Boeing“ и најголемата руска банка „Sberbank“ објавија дека договориле испорака на 12 авиони од типот „Boeing 737“ кои банката има намера да ги дава на лизинг.

Договорот е вреден повеќе од една милијарда долари по важечките каталошки цени, стои во соопштенијата од двете компании.

Одделот на банката за лизинг дванаесте авиони ќе им ги изнајми на „Transaero“ кои се едни од клучните корпоративни клиенти.

„Boeing“ и „Sberbank“ се надеваат дека со овој договор ќе изградат темели за работни финансирања и оперативен лизинг на увезените авиони во Русија.

„Договорот кој денеска го потпишавме претставува важен чекор и доказ за подготвеноста на „Sberbank“ да финансира во авионскиот сектор“, нагласи претседателот на управата и извршен директор на руската банка, Херман Греф.

Шеп Хил, претседателот на „Boeing International“ истакна дека неговата компанија има привилегија да ужива во поддршката и довербата на „Sberbank“ и нивната активност во сегментот за лизинг на авионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП