
Првиот кросовер на „Seat“ го имаше своето светски деби под рефлекторите на автосаемот во Женева. Моделот се нарекува „Ateca“ и ќе се појави на пазарите во септември оваа година, цените ќе започнуваат под 20.000 евра.


Првиот кросовер на „Seat“ го имаше своето светски деби под рефлекторите на автосаемот во Женева. Моделот се нарекува „Ateca“ и ќе се појави на пазарите во септември оваа година, цените ќе започнуваат под 20.000 евра.

Ривалот на автомобилите како „Kia Sportage“, „Renault Kadjar“ и „Nissan Qashqai“ се обложува на типичниот дизајн за шпанската марка. Надворешноста и внатрешноста силно потсетуваат на хечбекот „Leon“ што не е случајно. „Seat Ateca“ користи голем дел од техниката на „Leon“, вклучувајќи ги моторите и платформата „MQB“ на „VW Group“.

За погонот на „Ateca“ е избран широк спектар на бензински и дизел мотори. Основен е 1,0-литарски мотор со три цилиндри и моќност од 115 КЅ, а над него се 1,4-литарски агрегат со 150 КС и систем за деактивација на два од цилиндрите. Дизел опциите ќе вклучуваат 1.6-литарски „TDI“ со 110 КС и 2.0-литарски „TDI“ со 150 и 190 КС.

Повеќето агрегати се комбинираат со рачна трансмисија со 6 степени, но за најмоќните е предвиден автоматски менувач со две спојки. Основниот погон е на предните тркала, а со доплата е достапен системот за погон на четири тркала „4Drive“.

Опремата на кросоверот вклучува 8-инчен дисплеј, систем за безжично полнење во кабината, технологија за препознавање на сообраќајните знаци, систем за итно сопирање и друго.

Шпанскиот кросовер ќе се појави прво на пазарите на Шпанија и Германија, а во текот на летото и на повеќе пазари ширум Европа.