6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИOeBB влегува во нов бизнис

OeBB влегува во нов бизнис

image_obb111222

Австриската железница (OeBB) ќе го искористи својот службен возен парк за да влезе во бизнисот со изнајмување на автомобили.

„OeBB“ има план со службените возила кои послабо се користат, да влезе на „рент-а-кар“ пазарот, најави директорот на оваа компанија Кристијан Керн.

„Имаме возен парк од околу 600 возила. Поради тоа имаме желба да ги интегрираме во нашата понуда за мобилност, со тоа ќе им понудиме на нашите корисници да ги изнајмуваат по поволни услови“, објасни тој.

Проширувањето на оваа услуга со купување на дополнителни возила, како што истакна Керн, не е планирано.

Во моментов е во тект тестирање на новата услуга, па на вработените на „OeBB“ им се нуди можност да изнајмуваат автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП