2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШвајцарскиот гигант на колена и продолжува да паѓа уште повеќе

Швајцарскиот гигант на колена и продолжува да паѓа уште повеќе

glencore333

Презадолжениот швајцарски рударски гигант „Гленкор“ во 2015-та забележа големи загуби поради падот на цената на металот и нафтата.

Во минатата година, „Гленкор“ евидентираше нето загуба од 4,96 милијарди долари, во споредба со нето профитот од 2,3 милијарди долари од 2014-та година.

Кога ќе се исклучи еднократната вонредна ставка од 6,3 милијарди долари, како и загубите поврзани со банкротот на нивниот рудник за јаглен во Јужноафриканската Република, компанијата во минатата година остварила нето профит од 1,3 милијарди долари, но и покрај тоа, минатогодишниот прилагоден профит беше за 69 посто понизок, отколку во 2014-та.

Производните активности на компанијата паднаа за 38 проценти, на шест милијарди долари, како последица на пониските цени на сите клучни суровини.

Швајцарската компанија во септември минатата година најави драстични чекори за намалување на огромниот долг во износ од 30 милијарди долари, како и откажување на работите во некои рудници и продажбата на активи.

Во соопштението, „Гленкор“, исто така наведе дека до крајот на 2015-та година, нивниот долг ќе биде намален на 25,9 милијарди долари.

„Нашиот сериозен пристап за намалување на долгот и трошоците, му овозможија на „Гленкор“ да оствари понизок учинок и во тешките пазарни услови“, се наведува во соопштението на генералниот директор на компанијата Иван Гласенберг, и додава дека во „Гленкор“ се убедени дека во 2016-та ќе продадат активи во вредност од четири од пет милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП