7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHalliburton укинува уште 5.000 работни места

Halliburton укинува уште 5.000 работни места

hilberton 33

Поради падот на цената на нафтата, американската услужна компанија Halliburton најави укинување на уште 5.000 работни места, со што продолжи трендот на отпуштања во енергетскиот сектор во кој лани без работа останаа над 250.000 работници.

Halliburton уште во 2015 година укина 22.000 работни места, па на крајот на годината имаше околу 80.000 вработени во светот.

Во четвртокот, пак, компанијата најави укинување на натамошни 5.000 работни места и порача дека резовите се „нужни за да се совладаат проблемите во предизвикувачкиот амбиент на пазарот“.

Приходите на Halliburton, компанија која изнајмува опрема и технологија за црпење на нафта на гасните и нафтените компании, непрекинато паѓаат од половината на 2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП