22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAB InBev ги разочара инвеститорите

AB InBev ги разочара инвеститорите

in bev 353

Најголемата пивара во светот, компанијата „AB InBev“, би требало во 2015-та година да ги надмине сериозните проблеми, како силниот долар и повисоките трошоци.

Сепак компанијата го зголемува пазарниот удел на некои големи европски пазари, а побарувачката на трите брендови кои се продаваат во целиот свет „Budweiser“, „Corona“ и „Stella Artois“ се зголемува значително, објави компанијата со седиште во белгискиот град Лев.

Компанијата, која е во пресрет на стекнувањето на својот британски ривал „SAB Miller“, успева да се наметне на пазарот и со повисоки цени.

Поради силниот долар приходите на концернот се намалуваат за 7,3 проценти до 43,6 милијарди долари (39,5 милијарди евра). Профитот се намалува за 10% до 8,3 милијарди долари.

Дивидендите сепак ќе се зголемат за една петтина до 3,60 евра за акција. Сепак аналитичарите очекуваа значително повисоки резултати.

На крајот на минатата година „AB InBev“ го купи „SABMiller“ за близу 108 милијарди долари – договор со кој ќе се создаде најголемата компанија за производство на пиво со 30% удел од светскиот пазар на пиво. Со овој договор се спојуваат двете најголеми пиварници во светот и се создава компанија која ќе произведува околу една третина од пивото кое се консумира на светскиот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП