18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИArabtec ја забележа првата годишна загуба

Arabtec ја забележа првата годишна загуба

arab 44

„Arabtec Holding Co.“, најголемата градежна компанија во Обединетите Арапски Емирати, ја забележа првата годишна загуба во позадина на градежното забавување во земјата, пишува „Bloomberg“.

Компанијата забележува нето загуба од 2,35 милијарди дирхами (640 милиони долари), или 51 филса по акција, во споредба со профитот од 214,6 милиони дирхами (58,4 милиони долари), или 5 филса по акција пред една година. Просечната оценка на шест аналитичари во анкетата на „Bloomberg“ беше за загуба од 2,18 милијарди дирхами (593 милиони долари). Приходите се намалиле за 12% до 7,3 милијарди дирхами (1,98 милијарди долари), објави уште „Arabtec“.

Компанијата со седиште во Дубаи го објасни поразот со „тешката средина пред регионалниот градежен пазар“ и изјави дека ќе бара начин да ги намали уште трошоците. Компанијата, контролирана од „Aabar Investments PJSC“ во Абу Даби, се реструктуира и ги намалува трошоците по распродавање во јуни 2014-та година. Тогаш извршниот директор Хасан Исмаик поднесе оставка, а неколку врвни менаџери беа ослободени поради шпекулации дека компанијата ја губи поддршката на владата.

Компанијата која гради реплика на Лувр во Абу Даби, изјави дека нејзините резерви се во вредност од 19,3 милијарди дирхами и продолжува да освојува проекти. „Arabtec“ изјави дека добила писмо за намера од Министерството за транспорт на Бахреин за заедничка компанија со „TAV Construction“ во вредност 1,1 милијарди долари. Минатиот месец „Arabtec“ доби договор со вредност од 2 милијарди дирхами од „Aldar Properties“ за изградба на 1107 викенд куќи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП