2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПадот на еврото ја зголеми добивката на Michelin

Падот на еврото ја зголеми добивката на Michelin

Michelin-Man1

Францускиот производител на пневматици Michelin извести за раст на добивката од 13 отсто на годишно ниво, благодарение на намалениот курс на еврото, што го амортизираше притисокот од евтината кинеска конкуренција.

Компанијата 2015 година ја заклучи со нето добивка од 1,17 милијарди евра. Приходите и пораснаа за 8,4 отсто, на 21,1 милијарда евра.

Од Michelin истакнуваат дека зголемувањето на приходите во најголем дел се должи на поволните валутни курсеви, кои ја зголемија вредноста на странските приходи. Како товар се издвојуваат намалувањата на цените, поради  што добивката на компанијата е помала за 715 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП