4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTelecom Italia ги зголемува инвестициите на својот внатрешен пазар

Telecom Italia ги зголемува инвестициите на својот внатрешен пазар

telekom italia 335

„Telecom Italia“ објави дека планира да започне да инвестира повеќе во побрзи фиксни и мобилни мрежи во следните три години на својот внатрешен пазар, каде што нејзиниот главен бизнис ќе се врати кон растот во 2017-та година, пренесува „Ројтерс“.

Поранешниот монопол во телекомуникациската индустрија, кој со години се бори со голем број на проблеми поврзани со недостатокот на добра стратегија, стана предмет на потенцијално стекнување. Сега сепак тој бара нови извори на профит, бидејќи неговите традиционални телефонски услуги ја губат популарноста во позадина на конкуренцијата од страна на интернет компаниите.

Обелоденувајќи го планот за акција до 2018-та година, силно задолжената компанија вети дека ќе потроши 12 милијарди евра во овој период во Италија. 3,6 милијарди евра од оваа сума се предвидени за поставување на оптички кабли.

Развојот на ултра брзата широкопојасна инфраструктура е еден од најважните приоритети на Владата на премиерот Матео Ренци. Новата инвестициска цел на „Telecom Italia“ е за 20% повисока од онаа содржана во претходниот тригодишен план на компанијата.

„Telekom Italia“ објави дека нејзините оптички кабли ќе покријат 84% од населението на Италија до 2018-та година, а нејзината „4G“ мрежа ќе покрие повеќе од 98%.

Не повеќе од 14 милијарди бразилски реали (3,49 милијарди долари) телекомот ќе потроши за обновување на својата мобилна мрежа во Бразил. Таа очекува дека нејзината локална поделба во земјата „TIM Participações“ ќе го прошири својот удел на пазарот и ќе ја зголеми својата профитна маргина пред „EBITDA“ во периодот.

„Telekom Italia“, чиј главен акционер е француската медиумска група „Vivendi“ со удел од 21,4%, објави дека планира да ја зајакне својата позиција во мултимедијалната забава, вклучувајќи видео, музика, игри и издаваштво на книги.

Групацијата вели дека нејзиниот нето долг ќе се намали до 3 пати под големината на „EBITDA“ до 2018-та година, и покрај негативното влијание на сметководствените корекции кои се во вредност од 2 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП