4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИShell го купува BG за 53 милијарди долари

Shell го купува BG за 53 милијарди долари

royal duch bg

Royal Dutch Shell денеска го заклучи преземањето на британската конкурентска компанија BG Group за 53 милијарди долари, со што ќе настане најголемата светска компанија за течен природен гас (LNG).

Успехот на ова сложено преземање се должи на стратегијата на извршниот директор на Shell, Бен ван Беурден, кој настојува да го трансформира Shell во специјализирана компанија фокусирана на забрзан раст на пазарот на LNG и на производството на нафта од морските длабочини.

„Сега ќе бидеме во состојба да формираме поедноставна, конкурентна компанија, фокусирана на нашето темелно знаење за длабоките води и LNG“, рече Беурден.

Визијата на Ван Беурден ја поддржаа повеќето акционери, иако некои од најголемите акционери се загрижени поради процената за слабо закрепнување на цената на нафтата, што би можело да ги притисне финансиите на Shell и да ги загрози плановите за негов раст.

Со аквизицијата на Shell и BG Group настанува заедничка групација која ќе го надмине американски Chevron и ќе стане втора по големина светска нафтена и гасна компанија со акциите на берзата, според пазарна вредност, веднаш зад Exxon Mobil.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП