21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГлоба од вкупно 3,2 милијарди долари за Morgan Stanley

Глоба од вкупно 3,2 милијарди долари за Morgan Stanley

morgan stenli 3535

„Morgan Stanley“ е на пат да плати 3,2 милијарди долари во форма на федерални и државни казни по обвиненијата дека американската банка ги натерала инвеститорите при трговијата со хартии од вредност обезбедени со станбени хипотеки (т.н. „Residential mortgage-backed securities“, или „RMBS“) кои предизвикаа значителни загуби, соопштува „Ројтерс“, повикувајќи се на судската одлука.

Случајот произлегува од истрага на „Residential Mortgage-Backed Securities Group“ – заедничка група на федерални и државни претставници, основана во 2012-та година од страна на претседателот Барак Обама.

Целта е да се испита и дозволуваат потенцијални измами од финансиската криза.

Од предвидената глоба од 3,2 милијарди долари, 550 милиони долари ќе биде повторно назначени кон Њујорк.

Случајот против банката нагласува дека „Morgan Stanley“ изградила лажна идеја кај инвеститорите во врска со квалитетот на „RMBS“.

„Задоволни сме што ставивме крај на овие случаи кои се однесуваат на правните прашања во врска со „RMBS. Банката издвои резерви за целата сума поврзана со овие дела“, коментира портпаролот на „Morgan Stanley“.

Вчера на берзата во Њујорк акциите на банката поевтинуваат за 4,1% до 21,77 долари. Од почетокот на годината тие губат 31,6% од својата вредност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП