20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБонусите кои големите компании им ги нудат на вработените

Бонусите кои големите компании им ги нудат на вработените

Kara Mjones, Ilham Mezyan

Во случај да работите по 8 часа на ден, тоа значи дека поминувате по 1/3 од денот на работното место. Доста од луѓето работат и дополнителни часови, затоа е убаво да се знае дека работиме за добар и искрен работодавец.

Повеќе од половина од испитаниците (57%) од сајтот „Glassdoor“ споделија дека привилегиите и бонусите се од суштинско значење при барањето на нова работа. Околу 80 отсто од учесниците во анкетата дополнуваат дека преферираат бонуси, пред зголемување на платата.

Да, голем дел од големите компании им нудат на вработените бесплатна храна, карта за фитнес, но и други бонуси, како пари за патување или при раѓање на дете.

Еве неколку компании, во кои ќе посакате да работите и вие:

Netflix

Ова е една од ретките компании во САД кои нудат платен, при тоа едногодишен одмор при породување. По 12 месеци пак имате опција да се вратите на целосно или скратено работно време, како и да земете дополнителни дена одмор.

Salesforce

Во случај да планирате да започнете со работа во „Salesforce“ е добро да се знае дека ќе имате 6 дена платено отсуство во годината кое се земе за волонтерски активности, како и 1.000 долари за добротворни цели, кои ќе ги донирате каде што вие посакувате.

Airbnb

Компанијата неодамна беше избрана за најдобар работодавач за 2016-та година. Таа им нуди на вработените по 2.000 долари за да патуваат и престојуваат на место кое самите ќе го изберат и кое се нуди во сајтот.

PwC

Компанијата плаќа по 1200 долари/годишно на секој вработен со студентски кредит.

Burton

Производителот на зимска опрема им нуди на своите вработени сезонски карти за скијање, како и одреден број платени денови за скијање.

Twitter

Микроблогот им обезбедува 3 оброци дневно на луѓето, но освен тоа и иглотерапија на работното место и часови по слободно творештво.

Walt Disney Company

Дизни сака вработените на компанијата да уживаат во најсреќното место во светот. Затоа, секој вработен во компанијата, како и неговите роднини и пријатели, добива слободен пристап до парковите, како и попусти за ноќевањата во хотелите и купувањето на стоки.

Facebook

Секој кој работи во оваа социјална мрежа добива бонус од 4.000 долари при раѓањето на дете во неговото семејство.

Adobe

Компанијата буквално затвора по една недела во декември и една во текот на летото, што значи дека дел од одморот веќе е планиран.

Google

Во случај партнерот (сопруг/сопруга или партнер/партнерка) да почине или се разболи, тогаш ќе добиете по 50% повеќе од платата, а вашето дете ќе добива по 1.000 долари месечно додека наполни 19 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП