КОМПАНИИ

оне.Вип станува лидер во бројот на корисници на мобилна телефонија

vip one

Телеком Австрија Групацијата ги објави финансиските резултати за 2015 година вклучувајќи ги и резултатите од работењето во Македонија.

Во Република Македонија, годишните резултати за 2015-та година ги вклучуваат и уделите на ОНЕ и Близу Македонија и тоа – по спојувањето со ОНЕ завршено на 1-ви октомври 2015-та година. Резултатите се консолидирани за четвртиот квартал од 2015-та, а од Близу, аквизиран во јули 2014-та, за цела 2015-та година.

Спојувањето со поранешниот трет по големина мобилен оператор ја зацврсти позицијата на оне.Вип како број еден оператор на пазарот на мобилната телефонија во Македонија. На крајот на 2015-та оне.Вип имаше корисничка база од 1,163,000 корисници и достигна пазарен удел од 53.7%. По аквизицијата на Близу и неколкуте помали кабелски оператори, како и по спојувањето со ОНЕ , на крајот на 2015-та, сегментот Македонија брои околу 145,000 корисници на фиксни пристапни линии.

Приходите во Македонија пораснаа за речиси 30% споредено со минатата година и изнесуваат речиси 80 милиони евра. Заработката пред камати, даноци, депрецијација и амортизација (ЕБИДТА) на сегментот Македонија е зголемена за 33,6% во 2015-та споредено со минатата година и изнесува 16,821,000 евра. Заработката пред камати и даноци (ЕБИТ) се зголеми за речиси 77% и го намали негативниот тренд до негатива од речиси 609,000 евра.

Капиталните трошоци беа водени од инвестиции во мобилната и фиксната мрежа и беа значително повисоки во 2015-та споредено со 2014-та и изнесуваа 21,455,000 евра. Нето добивката на крајот на 2015-та беа негативни 1,443,000 евра.

Сегментот Македонија од Телеком Австрија Групацијата ги вклучува резултатите од работењето на оне.Вип ДОО Скопје – компанија основана со спојувањето на телекомуникациските оператори Вип и ОНЕ во октомври 2015-та при што Телеком Австрија Групацијата има 55% удел и единствена контрола над ново формираниот ентитет оне.Вип, а Групацијата Телеком Словеније има удел од 45%. Аквизицијата на Близу Македонија што заврши на 30-ти јули 2014-та претставува значаен чекор во реализација на стратегијата за конвергенција на Телеком Австрија Групацијата.

Во првиот квартал од 2015-та, по аквизицијата на кабелскиот оператор Близу Македонија од страна на Телеком Австрија Групацијата, првите конвергентни производи беа лансирани од страна на Вип. Преку аквизиција на помали кабелски оператори во 2015-та, македонскиот сегмент на Телеком Австрија Групацијата достигна покриеност од околу 240.000 домаќинства. Во 2015-та оне.Вип започна со инвестиции во нова мобилна мрежа и модернизација на инфраструктурата на фиксната мрежа, која ќе продолжи во 2016-та и до крајот на 2016-та ќе обезбеди најнапредна мобилна технологија низ цела Македонија.

Телеком Австрија Групацијата (VSE: TKA, OTC US: TKAGY) вчера вечерта ги објави финансиски резултати за 2015-та година заклучно со декември 31-ви, 2015-та година.

Повеќе информации за резултатите на Телеком Австрија Групацијата се достапни на http://www.telekomaustria.com.