28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBP ги продава електраните за ветер во САД

BP ги продава електраните за ветер во САД

BP_Wind_Energy_small

Енергетската компанија Бритиш Петролеум (BP) објави дека за цена од 1.5 милијарди долари ги продава своите одделенија за производство на струја во САД чија енергија се добива со помош на ветер.

На тој начин BP го потврдува своето излегување од проектот во врска со обновливите извори на енергија. Истовремено групацијата се повеќе се фокусира на работата со нафта и природен гас.

Енергијата која се добива со ветер е најголема актива на BP во областа на „зелената енергија“. Групацијата моментално е сопственик на ветерници во шест американски држави. Нивната вкупна вредност се проценува на 1.5 милијарди долари, за колку и BP ги продава во моментов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП