3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЛарсон и ДиКаприо триумфираа на доделувањето на наградите од колегите

Ларсон и ДиКаприо триумфираа на доделувањето на наградите од колегите

dididi

Бри Ларсон и Леонардо ДиКаприо уште повеќе се доближија до Оскарите, триумфирајќи во саботата навечер на доделувањето на филмските награди SAG (Screen Actors Guild – Здружението на филмските и телевизиските актери), на свеченоста која беше одбележана со победи на многу црни глумци во екот на расправата за нивната недоволна застапеност во Холивуд.

Една од најголемите холивудски ѕвезди, 41-годишните Лионардо ДиКаприо, е награден за улогата на легендарниот трапер Хју Глас во филмот „Повратник“, приказна за преживувањето и одмаздата. Актерот морал да јаде сиров џигер од бизон и да се капе во студена река на снимањето на филмот во кој го толкуваше ликот на човек кого неговата дружина жив го закопала откако му го убила синот,

Дваесет и шестгодишната Бри Ларсон е наградена, пак, за улогата на млада мајка која заедно со своето дете е заточена во една одаја во филмот „Соба“. Истакна дека била вдахновена од извонредно талентираниот Џејкоб Трембли, кој го глуми нејзиниот син.

Актерите од филмот „Спотлајт“, меѓу кои Марк Руфало, Рејчел МекАдамс и Мајкл Китонм, добија награда за најдобра актерска поделба во филм, Овој филм на Тонм МекКарти, еден од фаворитите за Оскар, го следи истражувањето на весникот Boston Globe кој го откри педофилскиот скандал во Католичката црква во САД.

Алисиа Викандер е наградена како најдобра споредна актерка во „Данка“ во која глуми сопруга на транссексуална личност којашто меѓу првите во светот се подвргна на операција за промена на полот.

Темнокожиот британски актер Идриз Елба доби две награди, една за најдобра споредна машка улога, на воен командант кој користи деца војници во филмот „Ѕверови без граници“ и втората за улогата на детектив во серијата „Лутер“.

Доделувањата на наградите на SAG е една од највнимателно следените награди пред доделувањето на Оскарите. Имајќи предвид дека актерите ја сочинуваат најголемата група на гласачи на Академијата на филмските науки и уметности (AMPAS), се смета за добар барометар пред свеченоста на златните статуетки на 28-ми февраури.

Минатогодишните добитници на награди на SAG, Патрисија Аркет, Еди Едмејн, Џулијан Мур и Џ.К. Симонс потоа ги освоија и Оскарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП