21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPetroChina очекува пад на добивката за 2015-та година од 60-70%

PetroChina очекува пад на добивката за 2015-та година од 60-70%

petrochina 3559

„PetroChina Co.“, најголемиот производител на нафта и гас во Кина, очекува пад на добивката за 2015-та година во опсег помеѓу 60% и 70% во однос на претходната година поради падот на цените на енергијата, соопштува „Bloomberg“.

Според компанијата пазарот на нафта ќе продолжи да биде слаб и во оваа година, како и дека планираат намалување на трошоците, соопшти „PetroChina“ во порака до берзата во Хонг Конг во петокот.

Компанијата придава 55 процентен пад на профитот на пониските цени на суровата нафта и на слабата домашна побарувачка на природен гас. Проценките се направени според кинеските сметководствени стандарди. Компанијата објави нето профит од 107,2 милијарди јуани (16,3 милијарди долари) во 2014-та година.

„Бидејќи цената на суровата нафта се намали значително, а цените на локалниот природен гас исто одат надолу, проценуваме релативно големо намалување на профитот на компанијата. Се очекува меѓународниот пазар на нафта и гас да продолжи со надолниот тренд.“, вели „PetroChina“ во пораката.

Цената на нафтата Брент, репер за над половина од светскиот нафта, се распадна за 35% во минатата година, што е трет годишен пад. Во октомври „PetroChina“ забележува пад од цели 81% на добивката за третиот квартал, откако соопшти дека нето добивката за првото полугодие е надолу за 63%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП