2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија ги враќа златните резерви дома

Германија ги враќа златните резерви дома

bb bank gold 11

И во 2015-та година германската централна банка (Бундесбанк) продолжува да враќа во Франкфурт голем дел од своите златни резерви. Минатата година таа вратила над 210 тони од златото, што чува во странство, соопшти институцијата, цитирана од „Bloomberg“.

По кризата во еврозоната, многу Германци сакаат златото на банката, што изнесува околу 3381 тони, да се чува во земјата, а некои дури и се прашуваат дали тоа се уште постои. Ова ја натера „Бундесбанк“ неодамна да објави долгата листа на локации на златните прачки.

Златните резерви на Германија се проценуваат на околу 130 милијарди долари – на второ место по златните резерви зад САД и речиси два пати повеќе од резервите на Кина, според Светскиот совет за злато (ССЗ).

Малку над 40% од германските златни резерви акумулирани во повоените години, сега се чуваат во „Бундесбанк“ во Франкфурт. Речиси иста количина се наоѓа во Федералните резерви на САД.

„Од крајот на минатата година со околу 1403 тони, Франкфурт е најголемиот наш депозитар – пред Њујорк“, изјави Карл-Лудвиг Тиле, член на Управниот одбор на германската „Бундесбанк“.

Складирањето на златни резерви во странство е наследство од системот за валутно управување од Бретон Вудс, создаден по Втората светска војна. Голем дел од благородните метали останал во странство за време на Студената војна.

bb bank gold 2244

Други 400 тони германско злато се чуваат од „Bank of England“. Лондон и Њујорк се центри за трговија со злато и во итни случаи таму се чува злато, со цел да бидат претворени во фунти или долари.

Берлин ќе земе златото и од Париз до 2020-та година – тогаш половина од сите негови златни резерви ќе бидат складирани во германскиот финансиски центар – Франкфурт.

Со објавувањето на најновите информации, „Бундесбанк“ реагира на критиките за недостаток на транспарентност, забележува германскиот телевизиски канал „N-TV“. Враќањето на златото во границите на федералната република најверојатно ќе биде поврзано со големи трошоци. Покрај безбедноста на транспортот, скапо ќе биде осигурувањето, пакувањето и самиот транспорт на благородните метали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП