24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДоктор: Да не се претерува со дозите за надополнување на витамин Ц

Доктор: Да не се претерува со дозите за надополнување на витамин Ц

vitaminccccc

Германски лекар предупредува дека треба да се внимава при користењето на надополнување на витаминот Ц.

„Витаминот Ц е потребен за одбрана на организмот“, рече доктор Клаус Шефер за агенцијата дпа, појаснувајќи дека витаминот помага на стабилноста на келиите на имунолошкиот систем.

Сепак, Шефер советува да не се земаат максималните дозволени количества на надоместокот на витамин Ц, кои се назначени на етикетите на пакувањата. Предупредува дека ризиците од долгорочно земање на максимално дозволените количества не се доволно истражени. Предозирањето со витаминот нанесува штета на бубрезите, ја зголемува киселоста на урината, што може да доведе до создавање на бубрежни каменчиња.

Според него, балансираната исхрана е најдобар начин да се спречи недостатокот на витамин Ц, а продуктите што се богати со него се цитронот, брокулата, пиперката и киселата зелка.

Овошјето и зеленчукот не само што се идеален извор на витамини, туку и содржат хранливи влакна и минерали.

„Поздрави се за организмот и немаат нус појави“, нагласува докторот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП