26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО50 милиони и Суарез е слободен

50 милиони и Суарез е слободен

luis-suarez

Англискиот премиерлигаш Ливерпул се согласува да го продаде својот голгетер Луис Суарез на италијанскиот шампион Јувентус, но за сума од 50 милиони евра.

Според некои медиуми кои се повикуваат на свои извори од „Енфилд“, шефовите на „црвените“ нема да се разделат од уругвајскиот репрезентативец за помалку од споменатата сума.

Раководството на Јувентус се надева дека ќе се обидат да го привлечат 26-годишниот фудбалер со тоа што ќе му овозможат следната година да игра во Лигата на шампионите, што најверојатно тоа нема да му се случи доколку остане во Ливерпул.

„Црвените“ заостануваат седум бода зад четвртото место кое води во најелитното натпреварување во Европа, додека пак екипата од Торино е на чекор да ја одбрани титулата во Серија А.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП