21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИран ќе купува 114 авиони од Ербас

Иран ќе купува 114 авиони од Ербас

airbus neo 222000

Иран веќе во март планира да купи 114 авиони од европскиот производител Ербас, а проучува и други можности на пазарот, соопшти во недела висок ирански функционер.

Земјата во следните три години ќе има потреба и до 500 авиони, рече Махди Хашеми, претседател на парламентарната комисија за развој.

Министерот за сообраќај Абас Акхонди рече пред новинарите дека Техеран во детали ќе разговара со Ербас уште следната недела и дека е заинтересиран и со американскиот производител Боинг.

Иран мора да ја обнови застарената флота на авиони, погодена од недостатокот на резервни делови заради долгогодишните трговски санкции кои ги наметна Вашингтон и другите западни сили.

По долги години економска изолација минатата недела се укинати санкциите против Техеран во замена за почитување на договорот за ограничување на иранската нуклеарна програма.

Со тој договор ослободени се милијарди долари замрзнати ирански средства и се отворија вратите на глобалните компании на кои им беше забрането тргување со Иран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП