26 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПроизведувачот на оружје „Heckler&Koch“ планира зголемена продажба во САД

Произведувачот на оружје „Heckler&Koch“ планира зголемена продажба во САД

heck

Германскиот производител на оружје „Heckler&Koch“ ќе се обиде во САД да ја зголеми продажбата во потрага по поголема заработувачка, откако Германија воведе ограничување за извозот на оружје за Блискиот исток, соопшти мнозинскиот сопственик на компанијата.

Интересно е што овој потег доаѓа во периодот кога американскиот претседател Барак Обама се обидува да ги заостри тамошните правила за продажба и поседување оружје.

„Кога веќе политичарите нé присилија практички воопшто да не продаваме на Блискиот исток, мораме да бараме алтернативи. Ќе го прошириме нашето работење со НАТО и цивилното работење во САД. Ние сме ‘Porsche’ во оружјето за тој пазар“, изјави за германските медиуми Андреас Хешен, кој поседува 51 отсто од акциите на компанијата „Heckler&Koch“.

Во економска смисла, според него, на продажбата на оружје на цивилите во САД гледа како на многу вносна активност. Меѓутоа, продажбата на оружје е многу чувствителна тема во САД по низата случаи масовни убиства последните години.

Загриженоста дека Обама би можел да ги заостри законите за оружје, помогна да се турнат цените на акциите на производителите на оружје нагоре, имајќи предвид дека вложувачите се надеваат на раст на продажбата во очекување на новите ограничувања. Така, цената на акцијата на „Smith&Wesson“ порасна во текот на изминатата 2015 година за две третини, а на „Sturm Ruger“ за 37 отсто.

„Heckler&Koch“, кој минатата година излиста дел од акциите на берзата Еуронекст, е еден од водечките европски производители на оружје, а нивната пушка „G36“ е стандардна опрема на војниците ширум светот.

Меѓутоа, германското ограничување за извоз на оружје на Блискиот исток предизвика лани пад на годишната добивка пред каматите, данокот, депрецијацијата и амортизацијата (EBITDA) на „Heckler&Koch“ на околу 25 милиони евра, од 60 милиони евра во претходната 2014 година.

Групацијата, исто така, претходно годинава се најде под притисок по извештајот на германските царински органи дека продала оружје на некои мексикански сојузни држава кршејќи ја забраната за извоз во оваа земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП