21 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИIkea ќе гради продажен центар во Љубљана

Ikea ќе гради продажен центар во Љубљана

ikea-store

Шведската мултинационална компанија Ikea потпиша договор со кој купи 84.000 квадратни метри земјиште во Љубљана, на просторот на Стоковно-трговскиот центар (BTC), на кој ќе гради прв трговски центар.

Ikea за земјиштето ќе плати над 16 милиони евра без ДДВ, а во изградба на центарот, кој треба да биде готов до 2018 година, ќе вложи 80 милиони евра.

Досегашен сопственик на земјиштето беше одделот за недвижности на осигурителната куќа Triglav, а до потпишување на договор дојде откако Љубљана го промени урбанистичкиот план кој сега овозможува изградба на центар на Ikea, на место кое беше предвидено за изградба на станбена зграда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП