29 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAndroid донел 22 милијарди долари профит за Google

Android донел 22 милијарди долари профит за Google

andri 335

Од своето основање до денеска, мобилната платформа „Android“ генерирала за „Google“ приходи во вредност од 31 милијарди долари, од кои 22 милијарди се профит. Информацијата беше обелоденета од компанијата „Oracle“, која го тужи „Google“ поради нејзината мобилна платформа. Интернет гигантот побара податоците да бидат јавно откриени, објави агенцијата „Блумберг“.

Досега „Google“ не ги има откриено приходите и добивката од „Android“ и ги чуваше во тајност. Компанијата сепак е осудена од „Oracle“ поради користењето на патенти од нејзиниот софтвер „Java“ во развој на мобилната платформа и дека од тоа се извлечени големи придобивки. Според „Oracle“, „Google“ сосема свесно го има користено „Java“ за да заврши побрзо со развојот на „Android“ и да може да одговори на „iOS“ на „Apple“.

„Погледнете го огромниот интензитет на комерцијалност“, објавил адвокатот на „Oracle“, Анет Херст додека ги претставуваше податоците пред судот. Методологијата на пресметките не е јасна, поради тоа што никој не коментирал од компаниите. „Android“ заработува приходи преку реклами и вашите апликации. Освен тоа Херст објави дека само во 2014-та година „Google“ и платил на „Apple“ 1 милијарда долари, за да го задржи полето за пребарување во „iOS“.

Во средината на оваа недела „Google“ поднела жалба до федерален судија во Сан Франциско со барање податоцита да бидат извадени од официјалната и јавна стенографија. Според интернет гигантот, адвокатот на „Oracle“ бесправно ја објавил информација која била означена како достапна само за адвокати.

„Google не ги огласува јавно приходите или профитот на „Android“ одделно од вкупниот бизнис. Оваа информација не е јавна и е многу деликатна, а нејзиното објавување може да има сериозни негативни последици за бизнисот на „Google““, вели компанијата во своето писмо.

„Блумберг“ истакнува дека стенограмот „исчезна без трага“ од онлајн архивата на судот, а поради тоа што никаде не е објавен, тој ја одобрил жалбата на интернет гигантот. Случајот помеѓу „Google“ и „Oracle“ продолжува веќе петта година, а „Oracle“ сака компензација во износ од најмалку 1 милијарда долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП