9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИнтел ја трансформира работната околина со најновата шеста генерација Intel® Core™ vPro™...

Интел ја трансформира работната околина со најновата шеста генерација Intel® Core™ vPro™ процесори

aac

Интел корпорацијата денес ја објави достапноста на својата шеста генерација Intel® Core™ vPro™ фамилија на процесори за модерната работна сила. Најновите Intel Core vProпроцесори се обраќаат на потребите за сигурност и продуктивност на големите бизниси со иновации во безбедноста, подобрени перформанси и соработки за 2-во-1 уреди, Ultrabooks™, се-во-едно уреди и најнови десктопи.

„Со неверојатни, нови, впечатливи дизајни, подобрени перформанси и подолго траење на батеријата, шестата генерација Intel Core vPro процесори поставува нови стандарди за бизнис компјутери,“ рече Том Гарисон, потпретседател и генерален менаџер на Business Client дивизијата на Интел. „Со подобрувањето на безбедноста во хардверот, Интел помогна да се направат овие најнови компјутери интегрален дел на општата безбедност на бизнисите, со што корисниците се посигурни и повеќе продуктивни од било кога досега.

 aag

Заклучување на виртуелната предна врата на компјутерот со повеќе од заштита со лозинка

Хакерите наоѓаат нови начини да се пробиваат во старите компјутери низ виртуелни влезни врати, крадење на информации за корисникот за да добијат привилегии внатре во организациите. Денес, повеќе од половина од упадите кај податоците започнуваат со крадење на ингеренциите на корисниците. Постарите компјутери кои користат лозинки со осум карактери кои се менуваат на секои 90 дена работела и пред една деценија, но софистицираните методи на напад бараат подлабоко ниво на безбедност.

За решавање на ова, Интел даде преглед на нова иновација кај безбедноста наречена Intel®Authenticate за бизнисите да почнат внатрешни тестирања и квалификации. Intel Authenticate е хардверски подобрена, мултифакторно решение што ја зајакнува заштитата на идентитетот на компјутерот, правејќи го помалку подложен на напади на идентитетот и информациите.

Intel Authenticate верификува идентитети со користење на комбинација на три отежнати фактори во исто време: „нешто што знаеш,”како личен број за идентификација; „нешто што имаш,”вклучувајќи мобилен телефон; и„нешто што си,”како отпечаток од прст. IT може да одлучи од повеќе отежнати фактори за автентикација што се базирани на компаниски политики и повеќе не мораат да се базираат на тоа вработените да паметат комплицирани лозинки2.Intel Authenticate е компатибилен со Microsoft Windows* 7, 8 и 10, и е достапен за преглед на корисниците.

aab

Надоградбата на бизнис компјутерите додава продуктивност и намалува трошоци

Постари лаптопи можат да ги чинат бизнисите 4,203 долари годишно, за секои три компјутери за одржување и изгубена6. Новите бизнис компјутери можат да се обратат на оваа потреба со испорачување на до 2.5 пати повеќе перформанси и 30 пати зголемени графички перформанси во споредба со 5 годишен уред7, овозможувајќи им на корисниците со многу повеќе продуктивност и моќни бизнис алатки1,8,9, 10.

Acer*, Asus*, Dell*, Fujitsu*, HP*, Lenovo*,Panasonic* и Toshiba* лансираат производи спремни за пазарот со новите Интел процесори. Купувачите претпријатија можат да одберат од различните дизајни вклучувајќи ги 2-во-1, Ultrabooks, ултра-тенки куќишта, мини компјутери и се-во-едно десктопи прилагодени за секаква работна средина за да се задоволат потребите на бизнисите од сите големини.

 

Нов и подобар начин за правење состаноци

Начинот на кој бизнисите соработуваат во светот се менува, сепак алатките за сала за состаноци не можат да држат чекор со повеќе дисперзирана работна сила. Интел претставува новости за Intel® Unite™ за попаметен и поповрзан начин за среќавање на работното место. Тоа вклучува способности кои на учесниците им овозможуваат да користат дисплеј без адаптери или кабли. Двете лице можат посигурно и полесно да ги видат или да бидат во интеракција со содржини во реално време. Вработените можат веднаш да започнуваат состаноци користејќи нови или постоечки дисплеи и проектори. Автоматското исклучување и интеграцијата со Skype за бизнис им нуди на корисниците поедноставени искуства кај состаноците.

aaa

Помагање на растот на мали и средни претпријатија

За мали бизниси, Интел нуди Intel® Small Business Advantage (Intel SBA),решение кое е лесно за користење и може да им помогне на сопствениците на мали бизниси да ја зголемат и заштитат нивната компанија. Таа им нуди на сопственици на мали претпријатија лесен и централизиран начин за поврзување и споделување на информации во комбинација со автоматси ажурирања на безбедноста и одржувањето. Intel SBA вклучува опции за соработка, како разговор и споделување на датотеки, заедно со безбедносни способности, како УСБ блокатор, за да помогне на малите бизниси во контрола на нивните податоци.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП