Францускиот производител на возила на Renault извести во понеделникот дека во минатата година продал за 3,3 отсто повеќе возила во по средба со претходната година, благодарение на новите модели, кои им го зголемиле удел на европскиот пазар.
Во изминатата година Renault испорача 2,8 милиони автомобили и комбиња, што е нов рекорд за групата. Воедно остварен е двојно поголем раст од продажбата од глобалниот просек.
Групацијата објави дека целта за 2016 година е да ја зголеми продажбата во сите региони. Според нивните процени, глобалниот пазар би требало да порасна еден до два отсто, при што побарувачката во Европа и Франција би требало да биде на горната граница од наведениот распон.
Продажбата на Renault во Европа во 2015 година оствари раст од 10,2 отсто, поттикната од продажбата на спортските теренци Kadjar и Captur.