26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBlackRock забележа раст од 5,9% на профитот во четвртиот квартал

BlackRock забележа раст од 5,9% на профитот во четвртиот квартал

blackrock-inc3333

Најголемата компанија за управување во светот – „BlackRock Inc.“, забележа 5,9% раст на профитот во четвртиот квартал на 2015-та година, откако обновата на пазарите ги крена цените на активата, а компанијата привлече нови парични средства, пишува „Bloomberg“.

Нето добивката се зголемува до 861 милиони долари, или 5,11 долари по акција, од 813 милиони долари, или 4,77 долари по акција, заработени пред една година.

Друштвото за управување, предводено од Лери Финк, ги прошири понудените производи, вклучувајќи ги берзанските фондови за тргување „iShares“, кои минатата година привлекоа рекордни 130 милијарди долари од инвеститори.

Профитот на „BlackRock“ беше поттикнат од растот на водечкиот индекс на американскиот пазар „Standard & Poor’s 500“ за 7%, вклучувајќи ги и дивидендите во четвртиот квартал, откако го испрати своето најмрачно трето тримесечје од 2011-та година.

Инвеститорите ќе продолжат да ги насочуваат парите кон поевтини пасивно управувани производи, какви што се „Индекс“ фондовите и берзанските фондови за тргување. Во 2015-та година пасивно управуваните инвестициски фондови кои инвестираат во акции, и берзанските фондови за тргување собраа 414 милијарди доларот во однос на 207 милијарди долари од активно управуваните фондови, покажуваат податоците на „Morningstar“.

Овој месец „BlackRock“ ги претстави берзанските фондови за тргување кои користат флексибилен пристап за одбегнување на поскапувањето на американскиот долар при купувањето на меѓународни акции.

Акциите на „BlackRock“ поевтинија за 10% до 310 долари во последните 12 месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП