Корпорацијата Интел денес објави годишен приход од 55,4 милијарди долари, оперативен приход од 14,0 милијарди долари, нето приход од 11,4 милијарди долари и заработувачка по акција од 2,33 долари. Компанијата заработила приближно 19,0 милијарди долари готовина од работење, платила дивиденди од 4,6 милијарди долари и искористила 3 милијарди за повторно да купи 96 милиони акции на берзата.
За четвртиот квартал, Интел објави приход од 14,9 милијарди долари, оперативен приход од 4,3 милијарди долари, нето приход од 3,6 милијарди долари и заработувачка по акција од 74 центи. Компанијата заработила приближно 5,4 милијарди долари готовина од работењето, платила дивиденди од 1,1 милијарди долари и искористила 525 милиони долари за повторно да купи 17 милиони акции на берзата.
„Нашите резултати за четвртиот квартал означија силен финиш на годината и беа конзистентни со предвидувањата,“ изјави генералниот директор на Интел, Брајан Крзанич. „Нашите резултати за 2015 година ја демонстрираат еволуцијата на Интел и успешноста на нашата стратегија. Оваа година, ќе продолжиме да го стимулираме растот со поддршка на инфраструктурата за креирање на „смарт“ и поврзан свет.“
Годишно 2014 година, Клучни финансиски податоци и состојба на деловните единици
- Client Computing Group оствари приход од2милијарди долари, намалување за 8% од 2014 година.
- Data Center Group оствари приход од 0 милијарди долари, зголемување за 11% од 2014 година.
- Internet of Things Group оствари приход од 2,3 милијарди долари, зголемување за 7% од 2014 година
- Software and services оперативните сегменти оствариле приход од 2милијарди долари, намалување за 2% од 2014 година.
- Non-Volatile Memory Solution Group оствариле приход зголемен за 21% од 2014 година
Четврт квартал (Q4)Клучни финансиски податоци и состојба на деловните единици
- Client Computing Group, приход од 8,8милијарди долари, зголемување за 3% секвенцијално и 1% од година во година.
- Data Center Group приход од 4,3милијарди долари, зголемување за 8 проценти секвенцијално и 6% од година во година.
- Internet of Things Group приход од 625 милиони долари, зголемување за 8 проценти секвенцијално и 6 проценти од година во година.
- Software and services оперативните сегменти оствариле приход од 543 милиони долари, намалување за 2 проценти секвенцијално и зголемување за 10 проценти од година во година.
- Приходот на Non-Volatile Memory Solution Group беше рамен секвенцијално и зголемен 10 проценти од година во година.
Деловната перспектива на Интел не ги вклучува потенцијалните влијанија од какви било деловни комбинации, стекнување на средства, продажби или други инвестиции што можат да се извршат по 14-ти јануари.
За дополнителни информации за деловната перспектива на Интел, погледнете го коментарот на главниот финансиски директор на веб-страницата: www.intc.com/results.cfm.
Статус на деловната перспектива
Деловната перспектива на Интел може да се најде на intc.com и може да се повторува на јавни или приватни состаноци со инвеститори и други. Деловната перспектива ќе биде ефективна до завршувањето на деловното работење, 18-ти март освен ако не се ажурира порано; со исклучок на деловната перспектива за амортизацијата на нематеријални срества поврзани со стекнување, влијанието на капиталните инвестиции, камата и останато и даночната стапка, кои ќе бидат ефективни само до завршувањето на деловното работење на 21-ви јануари. Таканаречениот тивок период на Интел ќе започне на 18-ти март до објавувањето на заработувачката за третиот квартал, кое е закажано за 19-ти април. Во текот на тивкиот период, сите деловни перспективи и други изјави кои се однесуваат на иднината објавени во објавите за новинарите и финансиските извештаи треба да се сметаат за минати, од гледна точка пред тивкиот период и кои не се ажурирани од страна на компанијата.
Фактори на ризик
Горенаведените искази и сите други во овој документ кои се однесуваат на плановите и очекувањата за четвртиот квартал, за годината и во иднина се далекусежни изјави кои вклучуваат голем број на ризици и неизвесности. Зборови како што се “предвидува“, “очекува“, “има намера“, “планира“, “верува“, “има за цел“, “проценува“, “може“, “ќе“, “треба“ и нивните варијации се вбројуваат во далекусежни изјави. Извештаи кои се однесуваат или се базираат на проекции, неизвесни настани или претпоставки, исто така се идентификуваат како далекусежни извештаи. Многу фактори можат да влијаат на реалните резултати на Интел, и разлики од сегашните очекувања на Интел во врска со таквите фактори, можат да предизвикаат реалните резултати материјално да се разликуваат од оние изразени во овие делекусежни изјави. Според Интел следните фактори се важни и би можеле да предизвикаат резултатите материјално да се разликуваат од очекувањата на компанијата.
- Побарувачката може да биде различна од очекувањата на Интел поради фактори кои вклучуваат промени во деловните и економски услови, вклучувајки ограничувања во снабдувањето и други пореметувања кои влијаат врз потрошувачите; прифаќањето од страна на потрошувачите на производите на Интел и на конкуренцијата; промени во порачките кои вклучуваат откажувања; како и промени во залихите на потрошувачите.
- Процентот на бруто маржата на Интел може значително да отскокнува од очекувањата во зависност од искорисутвањето на капацитетите; варијациите во вреднувањето на залихите, вклучувајќи варијации поврзани со времетраењето на квалификацијата на производите за продажба; промените во приходите; мешањето на сегментите на производите; времетраењето и изведбата на производствената линија и трошоците околу истата; почетни трошоци; одвишок или непотребни залихи; промени во цените на единиците; дефекти или прекини во обезбедувањето материјали или ресурси; квалитет во производството.Варијациите кај бруто маржата можат да бидат предизвикани и од времето на претставување на производот од страна на Интел, вклучувајќи маркетинг трошоци и можноста на Интел брзо да одговори на технолошките достигнувања и да претстави нови опции во постоечки продукти, што може да резултира со реструктурирање и промени.
- Резултатите на Интел би можеле да бидат погодени од лошите економски, социјални и физички/инфраструктурни околности во земји каде Интел, неговите клиенти или неговите добавувачи работат, вклучуваќи воен конфликт и други безбедносни ризици, природни катастрофи, нарушување на инфраструктурата, здравствени пречки и варирање на курсот на валутата. Резултатите можат да бидат афектирани и од формалното или неформално наметнување на нови регулативи од страна на државите за увоз/извоз или промени на постоечките регулативи што можат да се променат без претходно известување.
- Интел работи во поле на интензивно конкурентни индустрии се карактеризираат со висок процент на трошоци кои се фиксни или тешки за намалување на краток рок.
- Количината, времето и извршувањето на програмот за повторно купување на акции и дивиденди може да се промени во однос на користењето на готовина на Интел, како оперативно трошење, капитално трошење, купувања, како резултат на текотна готовина на Интел и промени кај даночните закони.
- Очекувањатазаданочнатастапка на Интелсебазираатнатековниотзаконзаданоци и тековнатаочекуванадобивка. Врзданочнатастапкаможедавлијаенадлежниоторганкојодредувакакоќегооданочипрофитот; променитевопредвидувањатазакредитите; решавањетонапроблемикоинастануваатсоревизијатанаданокотодданочнатаслужбакоивклучуваатплаќањенаказни и камати; како и способностанакомпанијатадагидобиеодложенитеданочнисредства.
- Добивкитеилизагубитеодкапиталнитехартииодвредносткако и каматитеможатдаварираатодочекувањатавозависнотоддобивките и загубитевопродажбата, размената, променитевопроценетатавредностилиоштетувањетонадолгот и капиталнитеинвестиции; билансотнасостојба и променивопроценетатавредностнадеривативнитеинструменти.
- Дефекти кај продукти и грешки (девијации од објавените спецификации) можат да влијаат на нашите трошоци, приходи и репутација.
- Резултатите на Интел би можеле да бидат погодени од несаканите ефекти поврзани со дефекти на производи и исправки (дeвијација од објавени спецификации) и парничење, или регулаторни прашања кои вклучуваат интелектуална сопственост, акционер, потрошувачи, недоверба и други прашања, како што се парничење и регулаторни прашања опишани во (SEC) финансиските извештаи на Интел. Неповолна судска одлука би можела да ги вклучи монетарните штети или забрана за прозиводство или продавање на еден или повеќе производи, спречувајќи одредени деловни практики, да влијае врз можноста на Интел да ги дизајнира сопствените производи, или други решенија како задолжително лиценцирање на интелектуалната сопственост.
- Резултатите на Интел би можеле да бидат погодени од времето затворањето на стекнувањата и намалувањата.
Детална дискусија за овие и други фактори што можат да влијаат на резултатите на Интел, се вклучен во најновите извештаи Form10-K и Form 10-Q.
Интернет пренос за заработувачката
Интел ќе одржи јавен интернет пренос денес, во 14 часот по дневно пацифичко време на својата веб страница за инвеститорите на: www.intc.com. Ќе има реприза на преносот, како и можност за преземање во MP3 формат.
Интел ќе поднесе извештај за својата заработувачка од првиот квартал од 2015 година на 19-ти април. Веднаш по ивештајот, компанијата планира да објави коментар на Стејси Џ. Смит, постар потпретседател и главен финансиски директор на: www.intc.com/results.cfm. Јавен интернет пренос на конференцијата за заработувачката на Интел ќе следува во 14 часот по дневно пацифичко време на www.intc.com.
За Интел
Интел (NASDAQ: INTC) е светски предводник во иновации од областа на процесирањето. Компанијата дизајнира и гради есенцијални технологии кои служат како основа за светските компјутерски уреди. Како лидер во општествената одговорност и одржливост, Интел ги произведува првите комерцијално достапни “conflict-free” микропроцесори. Дополнителни информации за Интел може да се најдат на веб страниците: newsroom.intel.com и blogs.intel.com и за напорите на Интел за “Conflict-free” на http://conflictfree.intel.com.