26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoldman Sachs ќе плати над 5 млрд долари поради проблематични кредити

Goldman Sachs ќе плати над 5 млрд долари поради проблематични кредити

goldman

Инвестициската банка „Goldman Sachs“ се согласи да плати 5,1 милијарди долари во рамки на спогодбата со американските власти поради обвинувањето дека користела лажен маркетиншки материјал за да ги продаде хипотекарните обврзници, кои беа една од причините за финанската криза.

Договорот е постигнат со одделот на американското министерство за правда за финансиски измами, извести во четвртокот Goldman Sachs.

Оваа, како и низа други банки, беше под истрага поради начините за рекламирање на рискантните финансиски производи од 2005 до 2007 година пред глобалната финансиска криза.

Goldman Sachs е една од неколкуте банки кои се казнети со една милијарда долари поради рекламирање на проблематични кредити како сигурни инвестиции, а токму продажбата на овие кредити имаа значителна улога во кризата во 2008 година.

Американските банки во голема мера се виновни бидејќи издавале хипотеки на неквалификувани должници, кои потоа ги препакувале во нови кредити како сигурни инвестиции и ги продавале ризиците на другите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП