18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајновиот американски суперавтомобил (фото+видео)

Најновиот американски суперавтомобил (фото+видео)

force 1 00

За време на автомобилскиот саем во Детроит, Хенрик Фискер, основач на новата автомобилска компанија „VLF Automotive“, покажа нов концепт на суперавтомобил.

force 1 01

Името на новата компанија доаѓа од трите имиња на неговите основачи – Гилберт Вилареал од „Boeing“, Боб Луц – поранешниот шеф на „GM“, и „F“ природно од Фискер. Според плановите на новата компанија, таа ќе ги продава старите модели „Karma“ опремени со мотор на „Corvette“ и цена од над 200.000 долари, заедно со новопредставениот модел.

force 1 02

Новиот суперавтомобил ќе се нарекува „Force 1“ и е базиран на „Dodge Viper“. За изработката на патничката кабина се користат лесни материјали, а моторот е 8.4-литарски V10 со моќност од 745 коњски сили.

force 1 03

Благодарение на неговата тежина од само 1538 килограми, „Force 1“ ќе може да забрзува од 0 до 100 км/ч за 3 секунди, додека максималната брзина му е ограничена на 350 км/ч. За постигнување на брзината од 220 км/ч му се потребни 10.97 секунди.

Од суперавтомобилот ќе бидат произведени само 50 примероци, а цената на секој од нив ќе е 268.500 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП